Путин му фрли ракавица на Бајден

Сакам да му предложам на претседателот Бајден да продолжиме со нашите разговори, но под услов да го сториме тоа во живо, онлајн, како што велат тие, изјави рускиот претседател.

2,401

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му предложи на својот американски колега Џо Бајден во наредните денови да одржат виртуелен разговор, кој ќе се пренесува во живо, како одговор на изјавата на Бајден дека тој е убиец.

– Сакам да му предложам на претседателот Бајден да продолжиме со нашите разговори, но под услов да го сториме тоа во живо, онлајн, како што велат тие – изјави Путин за руската телевизија, додавајќи дека „би било интересно за рускиот народ, американскиот и за многу други земји“.






Тој рече дека разговорот треба да се одржи „без одлагање“ веќе утре или во понеделник.

Путин рече дека ќе даде налог на Министерството за надворешни работи да ја предложи таа виртуелна средба.

Поврзани содржини