ПУТИН МИ ОДГОВОРИ НА МОЕТО ПИСМО Меланија Трамп открива што ѝ напишал рускиот претседател

Првата дама потврди дека нејзиниот тим е во директна комуникација со Москва за враќање на депортираните деца.

249

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одговорил на нејзиното писмо, во кое таа побарала помош за повторно обединување на украинските и руските деца со нивните родители.

Трамп истакна дека по ова прашање нејзиниот претставник е во постојан контакт со руската страна и дека процесот сè уште е во тек.






– Да, тој одговори. Добив писмо од него. Мојот претставник е во контакт со руската страна и ние продолжуваме да работиме на повторното обединување на децата – изјави Меланија Трамп во интервју за Фокс њуз.

Таа нагласи дека ова прашање има особено емотивно значење за неа, додавајќи дека најголемата награда од ваквите напори е среќата на децата и нивните родители.

– Секој сака да биде со своето дете. Се надевам дека наскоро повторно ќе можеме да зборуваме за голем успех – рече Трамп.

Меланија Трамп го испрати писмото до рускиот претседател во јули 2025 година, апелирајќи за заштита и враќање на украинските деца кои биле депортирани во Русија.

Според украинските медиуми, во декември 2025 година седум украински деца биле успешно репатрирани од Русија и повторно обединети со своите семејства.

Поврзани содржини