ПУТИН ГО УТНА ПРИМЕРОТ СО НАПОЛЕОН БОНАПАРТА, ВО СЛУЧАЈОВ, ТОЈ Е ИМПЕРИЈАЛИСТОТ Макрон ја оспори споредбата на претседателот на Русија
Наполеон ги предводеше освојувањата. Единствената империјална сила што ја гледам во Европа денес се вика Русија. Тој (Владимир Путин) е империјалистички ревизионист на историјата и на идентитетот на народите, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера го обвини претседателот на Русија, Владимир Путин, дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил „историска погрешна интерпретација“ споредувајќи го со Наполеон, објави Франс 24.
– Наполеон ги предводеше освојувањата. Единствената империјална сила што ја гледам во Европа денес се вика Русија. Тој е империјалистички ревизионист на историјата и на идентитетот на народите – рече тој во изјавата за новинарите на крајот од европскиот самит во Брисел.
Императорот Наполеон Бонапарта бил запрен при неговото освојување на Русија по влегувањето во Москва во 1812 година, а потоа бил принуден да се повлече во текот на суровата зима и со огромни загуби на животи.
Макрон рече и дека ако Москва сака прекин на огнот во Украина, како дел од нејзините преговори со САД, тоа не е за склучување „траен мир“, туку „подобро продолжување на војната“.
Путин вчера, еден ден откако Макрон ја нарече Москва закана за Европа и зборуваше за заштита на другите европски земји со францускиот воен арсенал, рече дека некои луѓе „заборавиле што се случи со Наполеон“.
– Сè уште има такви кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како тоа заврши – рече Путин во телевизиско обраќање без директно да го спомене Макрон.
САКААТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ВРЕМЕТО НА НАПОЛЕОН Некои луѓе не седат мирни, вели Путин