ПУТИН ЌЕ СЛАВИ „ПУЧ“ ВО ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА? Додека размислува за Курск, проруските АфД ќе победат на изборите, пишува Политико
Проруската Алтернатива за Германија (АфД) има големи шанси да заврши на првото место во сите три покраини на истокот на земјата, а неодамна формираната левичарска алијанса Сахра Вагенкнехт(БСВ) ја зголемува поддршката. Тоа би било и лична победа за Путин, кој го испече занаетот во1980-тите како шпион на КГБ во Дрезден, анализира Политико.
Владимир Путин можеби размислува за ненадејниот упад на Украина во рускиот регион Курск овој месец, но овој викенд тој најверојатно ќе ги слави територијалните придобивки подалеку на запад – во Германија, пишува Политико.
„Партиите пријателски настроени кон Русија во трите источни германски покраини Бранденбург, Саксонија и Тирингија се спремаат за значителни придобивки на локалните избори во септември, од кои два се закажани за в недела“, пишува медиумот.
Во еден дел од статијата се вели:
„Тоа би било и лична победа за Путин: рускиот лидер го испекол својот занает како шпион на КГБ во 1980-тите во Дрезден, искуство што му оставило трајна фасцинација за сè што е германско. Еден биограф дури еднаш го нарече Путин „Германецот во Кремљ“.
Кои партии се во пораст на истокот на Германија?
Проруската Алтернатива за Германија (АфД) има големи шанси да заврши на првото место во сите три покраини, а неодамна формираната левичарска алијанса Сахра Вагенкнехт(БСВ) ја зголемува поддршката. Во исто време, Москва сака да воспостави силно упориште низ широкиот дел на поранешната Источна Германија, регион во кој доминираше со децении за време на Студената војна.
Ако прогнозите се потврдат на гласачките кутии, резултатите сигурно ќе предизвикаат длабока вознемиреност низ Германија. Ова ќе разоткрие дека не успеаја напорите на германскиот политички естаблишмент да го премости јазот Исток-Запад во земјата и до срж жќе ја разниша и онака нестабилната триделна коалиција во Берлин.
Сѐ на сѐ, партиите пријателски настроени кон Москва, кои се протегаат меѓу крајната десница и левица од политичкиот спектар, се очекува да освојат најмалку 50 отсто од гласовите низ регионите, според најновите анкети. Во една држава, Тирингија, се предвидува дека партиите ќе достигнат дури 65 отсто, а дека АфД ќе се искачи на првото место со околу 30 отсто од гласовите.
Иако сите партии не се толку отворено проруски како АфД, тие имаат заеднички два наративи наметнати од екстремната десница: дека НАТО ја дели вината за војната во Украина и дека мирното решение би било можно ако само Западот беше сериозен со својата дипломатија.
Она што е интересно дека во овие региони, дури и кога во прогнозите за претстојните избори е вклучена најголемата центристичка сила во Германија, конзервативните Демохристијани (ЦДУ), партијата не надминува 50 отсто од гласовите. Другите мејнстрим владејачки партии како СПД, Зелените и Слободните демократи имаат уште пониски бројки.
Овој пат, според анализата на Политико, укажува дека долгогодишните обиди уште од 1990-тите години да се увезе естаблишмент од некогашна Западна во Источна Германија сега се враќаат назад, иако голем дел од владејачката класа на Истокот и денес потекнува од Западот.
Брзиот подем на АфД е доказ за тоа, се вели во статијата. Уште повеќе, многу високи фигури на АфД не го кријат својот афинитет кон авторитарниот режим на Путин.
Бјорн Хоке, лидерот на АфД во Тирингија, кој многумина го сметаат за „кум“ на партијата, рече дека ако некогаш стане германски канцелар, неговото прво патување ќе биде во Москва. Ако тоа некогаш се случи, поверојатно е дека Путин прв ќе дојде во Германија да го посети Хоке.
Пред да се влошат односите меѓу Москва и Берлин, Путин беше чест посетител на Германија, вклучително и во неговиот поранешен роден град на исток.
– Ќе бидам искрен, доаѓам во Дрезден со посебно чувство – ѝ рече рускиот лидер на публиката за време на посетата на градот во 2009 година за да го прими Орденот на Свети Џорџ, награда во чест на истакнати личности кои „се борат за добро во светот“.
– Ова е без сомнение еден од центрите на европската култура, град богат со историја со свој посебен шарм – рече тогаш Путин.