„ПУТИН ЌЕ ПОЧНЕ ОД БАЛТИКОТ – НАЈРАНЛИВАТА ТОЧКА“ Неколку европски држави се подготвуваaт за можен конфликт во следните пет години

Повеќе земји во Европа се подготвуват за можна војна. Шведска, Чешка, Полска и Велика Британија презедоа чекори кон вооружување. Тезата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус дека конфликт е можен во следните пет до десет години ја потврди британскиот колега Грант Шапс кој рече дека светот преминал во „предвоена фаза“.

1,266

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја искористи ситуацијата со руското малцинство во Естонија, Литванија и Летонија, сето тоа со помош на неговиот голем сојузник Белорусија, вели естонската премиера Каја Калас, која смета дека нејзината земја и соседните земји имаат три до пет години да се подготват. Путин ги смета балтичките земји за најранливиот дел на НАТО, според Естонската служба за надворешни работи.

Како би се одвивала можната руска офанзива која може да се прелее и во Европа? Според документот што го објави „Билд“, германската армија ќе започне меѓугранични инцидентите со балтичките земји и на границата со Полска и Литванија во коридорот Сувалки.






Документот вели дека Русија ќе ги искористи инцидентите да јзапочне големата воена вежба именувана „Запад 2024“ со 50.000 војници во септември 2024 година. Понатаму, се вели во документот, во јануари 2025, НАТО ќе одржи специјален состанок каде Полска ќе извести за заканата од Русија.

Во март истата година Русија ќе префрли уште трупи во Балтикот и во Белорусија, а во мај истата година Алијансата ќе донесе одлука за „веродостојни мерки за одвраќање“.

Тоа ќе значи распоредување 300.000 војници на источното крило на НАТО од кои 30.000 ќе бидат од германската армија. Не е прецизиран денот кога тоа врховниот командант на НАТО ќе го нареди. Сценариото завршува 30 дена по „Денот-Д“ кога повеќе од половина милион западни и руски војници се вооружени до заби.

Повеќе земји во Европа се подготвуват за можна војна. Шведска, Чешка, Полска и Велика Британија презедоа чекори кон вооружување. Командантот на шведската армија Михаел Биден ги предупреди Швеѓаните дека постои сериозна можност и дека „граѓаните треба да разберат што точно значи тоа“.

Пред нешто повеќе од два месеци, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја испрати истата порака. Дури и најголемите политички пацифисти во Германија како Анален Баербок кренаа раце за дополнителни сто милијарди евра за воениот буџет.

Во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, Писториус предупреди дека руската закана за Европа ќе расте до крајот на деценијата. Вашингтон го насочува своето внимание кон Пацификот, а Европа ќе мора да се грижи за сопствената безбедност, не сметајќи на американскиот чадор.

Во декември слично зборуваше и Карел Техка, командантот на чешката армија.

„Мораме да се подготвиме за најтешкото сценарио, а тоа е голема, интензивна војна со технолошки напреден непријател кој поседува нуклеарно оружје. И мораме да го направиме тоа брзо“, напиша Техка.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова рече дека модернизацијата на армијата ќе биде поделена на два дела. Првиот дел се однесува на периодот до 2030 година, кога се очекува значително зголемување на инвестициите во војската.

„Наместо претходните 20 отсто, одбраната ќе инвестира до 60 отсто од воениот буџет на нови технологии и опрема“, рече Чернохова.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс вчера предупреди дека земјата треба да се подготви за неколку нови војни кои ги вклучуваат Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, а кои би можеле да избијат во следните пет години.

Тој рече дека светот преминал во „предвоена фаза“ и ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана. Шапс посочи дека противниците на Западот се вооружуваат себеси и нивните сојузници, создавајќи „многу поопасен свет“.

Во ноевмри во Полска во јавноста порасна загриженоста за војна, откако претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Русија ги завршила сите испораки на тактичко нуклеарно оружје за неговата земја.

Во последните месеци се пишуваше за плановите на Полска да испрати копнени сили и тенковски баталјон на границата со Белорусија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја коментираше изјавата на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак кој го обзнани планот за тенковскиот баталјон со следните зборови:

– Се разбира, ова е уште еден чекор кон ескалација на тензиите. Нашите белоруски пријатели знаат што да прават, тие прават сé што е потребно во оваа ситуација за да обезбедат безбедност – рече Песков.

 

„ВОЈНИ СО КИНА, РУСИЈА, СЕВЕРНА КОРЕЈА И ИРАН…“ Британскиот министер ја повика неговата земја да се подготви

 

 

 

Поврзани содржини