ПУТИН E ГОРД! Зголемена популацијата на сибирските тигри во земјата

Амурскиот, или сибирски тигар сѐ уште е загрозен во многу земји, но неговата популација последниве години се зголемила за 40 отсто.

139

На вториот Меѓународен форум за зачувување на тигрите, којшто почна вчера во Владивосток, надлежните лица од Русија објавија дека во земјата бројот на сибирски тигри е речиси двојно зголемен, на 750 единки, изминативе 12 години.

Амурскиот, или сибирски тигар сѐ уште е загрозен во многу земји, но неговата популација последниве години се зголемила за 40 отсто. Ловокрадството сѐ уште е најголема закана за тигрите, изјавија познавачите на форумот.






Бројот на големи мачки убиени од ловокрадците во Русија нагло се намалил последните 10 години – од околу 50–70 годишно пред 10 години, на 15–20 денес. Покрај тоа, живеалиштата на тигрите се проширени, соопшти Центарот за амурски тигри.

Форумот беше отворен со видеопорака на рускиот претседател Владимир Путин, кој истакна дека е горд поради сѐ поголемиот број тигри во земјата.

– Драго ми е што го гледам успехот и на нашите колеги во Индија, Непал, Бутан и Кина, каде што популацијата на големи мачки очигледно се зголемува – изјави Путин.

И Казахстан има системски план за враќање на тигрите во дивината од 2025 година.

Поврзани содржини