Путин ќе ги „смирува“ демонстрантите и веб-страниците со повисоки парични казни

Во Русија според Закон од 2012 година, организации и поединци и означени како „странски агенти“ мора да се регистрират и јасно да го назначат својот статус во своите публикации.

336

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги потпиша новите закони со кои се зголемуваат паричните казни за порекршоците на демонстрантите и за интернет-страниците означени како „странски агенти“.

Според новиот закон, демонстрантите прогласени за виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнет со 20.000 рубљи (230 евра) или со 230 дена затвор. Претходниот закон предвидуваше казна од 5.000 рубљи.






Путин потпиша и закон со кој се предвидува парилна казна до 2.500 рубљи за објавување на информации на интернет-страниците означени како „странски агенти“, а кои јасно не го навеле таквиот статус.

Во Русија според Закон од 2012 година, организации и поединци и означени како „странски агенти“ мора да се регистрират и јасно да го назначат својот статус во своите публикации.

Поврзани содржини