ПУТИН БИ МОЖЕЛ ДА МОБИЛИЗИРА 300.000 ЖЕНИ? Ако се оди на целосна мобилизација, тоа се вкупно 2 милиони луѓе
Намерата е да се мобилизираат 300.000, 400.000 или 500.000, па и до два милиони луѓе, вклучително и 300.000 жени, по новогодишната прослава, изјавил професорот за плановите на Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин зимава планира нова мобилизација во Русија, незадоволен од резултатите на сегашната, тврди Валериј Соловеј поранешен професор на Московскиот институт за меѓународни односи, пишува Дејли мејл. Според професорот, ако Путин нареди сеопфатна мобилизација во земјата, тогаш 2 милиони луѓе би требало да бидат испратени во Украина, а од нив 300.000 би биле жени.
– Намерата е да се мобилизираат 300.000, 400.000 или 500.000, па и до два милиони луѓе, вклучително и 300.000 жени, по новогодишната прослава – изјавил професорот за плановите на Путин.