ПУШТЕТЕ ГО МОЗОКОТ НА ПАСЕЊЕ Истражување покажа дека стресот е причина за опасни болести
Студијата објавена во списанието на Американското здружение за срце покажа дека зголеменото ниво на анксиозност и грижа кај мажите се поврзани со биолошки процеси кои негативно влијаат на срцето и на здравјето воопшто.
Средовечната популација која е премногу загрижена има зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес тип 2, покажа едно ново истражување.
Студијата објавена во списанието на Американското здружение за срце покажа дека зголеменото ниво на анксиозност и грижа кај мажите се поврзани со биолошки процеси кои негативно влијаат на срцето и на здравјето воопшто.
Експертите анализирале податоци за 1.561 машки испитаник. Тие учествуваа во студија за нормативно стареење која го следи стареењето на мажите во САД од 1961-ва година. Примерокот најмногу вклучувал белци кои во 1975-та година имале просечни 53 години.
Мажите биле подложени на процена на невротичност и анксиозност на почетокот на студијата и било откриено дека немаат срцеви заболувања или рак.
Долгорочно истражување
Нивното здравје било следено со физички прегледи и тестови на крвта на секои три до пет години до нивната смрт или додека не се откажат од истражувањето.
Студијата измери седум фактори на ризик за развој на кардиометаболни заболувања: систолен (горен) притисок, дијастолен (понизок) притисок, вкупен холестерол, триглицериди (масти во крвта), дебелина (одредена со индекс на телесна маса), нивото на шеќер во крвта и стапка на седиментација на еритроцити (SE) што укажува на воспаление.
На секој субјект му беше дадена процена на ризикот за болеста во зависност од тоа колку кардиометаболички фактори на ризик имал и колку се сериозни.
– Иако студијата беше спроведена претежно на бели мажи, откривме дека зголеменото ниво на анксиозност и грижа кај мажите се поврзани со биолошки процеси кои можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и други метаболички состојби и дека оваа поврзаност е присутна многу порано во животот отколку што се претпоставуваше, во детството и адолесценцијата“, изјави д-р Левина Ли, водечки автор на истражувањето и вонреден професор по психијатрија на Медицинскиот универзитет во Бостон.
– Присуството на шест или повеќе високоризични кардиометаболни маркери укажува на голема веројатност дека поединецот ќе развие или веќе развил кардиометаболна болест – вели д-р Ли.
Истражувањата покажуваат дека анксиозноста влијае многу
Студијата покажа дека на возраст меѓу 33 и 65 години, испитаниците добивале во просек по еден нов фактор на висок ризик на секои десет години.
Луѓето со високи нивоа на невротичност (емоционална нестабилност) имале поголем број на фактори со висок ризик, додека оние кои се загрижени премногу имале 10 проценти поголема веројатност да имаат шест или повеќе фактори на ризик кои влијаеле на кардиометаболните заболувања.
– Откривме дека мажите со високи нивоа на анксиозност и грижа постојано имаат поголема веројатност да ја развијат болеста отколку оние со ниски нивоа – рече д-р Ли.
Експертите велат дека не е можно да се прочита од податоците дали на испитаниците им била дијагностицирана анксиозност, ниту пак дали лековите може да го намалат ризикот.
Но, според д-р Ли, мажите можат да го намалат ризикот доколку редовно се прегледуваат, земаат лекови за висок крвен притисок и одржуваат здрава тежина.
Таа додаде дека идните истражувања треба да го истражат влијанието на грижата и анксиозноста врз здравјето на жените.