ПУШТЕН Е РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДАЛЕКУВОД БИТОЛА – ПРИЛЕП Ќе обезбеди стабилно снабдување со струја на регионот

Од МЕПСО информираат дека реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со нов далековод со челично-решеткасти столбови.

51

Македонскиот електропреносен систем (МЕПСО)  го пушти во пробна работа реконструираниот 110 kV далековод Битола – Прилеп.

Од МЕПСО информираат дека реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со нов далековод со челично-решеткасти столбови.






– Новоизградениот далековод има вкупна должина од 33,5 km и е составен од 125 челични столбови. Во рамки на проектот е извршена целосна замена и монтажа на нова проводна и изолациона опрема, вклучително фазни проводници, заштитно јаже, изолатори и придружна опрема, со што е обезбеден зголемен преносен капацитет на далеководот и подобрени електрични и механички карактеристики во однос на претходната состојба. Зголемениот преносен капацитет придонесува за подобрување на сигурноста, стабилноста и оперативната флексибилност на електропреносната мрежа во регионот – велат од компанијата.

Проектот е реализиран со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Градежните, електромонтажните и електроенергетските работи се изведуваа во периодот од 2023 до 2025 година, а се потрошени  3,5 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР.

Изведувач на работите беше хрватскиот конзорциум предводен од „Далековод“.

Од МЕПСО информираат и дека се направени предвидени технички испитувања и проверки, по што далеководот е пуштен под напон и ставен во пробна работа.

 

Поврзани содржини