„ПУШТАМ БРК, БРКАМ ЗДРАВЈЕ“ Пријавете се за големиот велосипедски настан на dm drogerie markt

Пријавувањето за велосипедската рута е целосно бесплатно и може да се направи онлајн, преку пополнување на формулар.

57

dm drogerie markt и оваа година ја организира традиционалната велосипедска рута „Пуштам брк, бркам здравје“, која ќе се одржи на 16 ноември на Школка во Градскиот парк во Скопје со почеток од 11 часот наутро. Целта на оваа спортска активност е да помогне да се подигне свеста за машкото и физичкото здравје токму во месецот посветен на машкото здравје – Мовембер.

Пријавувањето за велосипедската рута е целосно бесплатно и може да се направи онлајн, преку пополнување на формуларот на следниот линк. Сите велосипедисти кои успешно ќе ја завршат рутата ќе добијат подарок ранец со производи од dm drogerie markt.






Како општествено одговорна компанија која ѝ е силно посветена на заедницата, dm drogerie markt најави дека и оваа година големиот велосипедски настан „Пуштам брк, бркам здравје“, ќе сочинува две посебни велосипедски рути за различни групи на учесници. Професионалните велосипедисти ќе можат да се пријават за возењето на долгата рута од 63 км во форма на брк, а за рекреативците е предвидена пократка рута од 4 км на која може да се пријави секој заинтересиран. Здружението на друмски и планински велосипедизам Macedonian Bike Riders ќе се погрижат рутата да помине во најдобар ред.  За оние кои знаат да возат, а немаат велосипед, ќе бидат поставени статични фиксни велосипеди на местото на настанот, кои ќе им бидат на располагање и ќе можат да се вклучат во хуманитарниот карактер на велосипедската рута. Посетителите ќе можат да учествуваат и во мистериозната наградна игра Mystery box за најбрзите возачи на статичните велосипеди.

Покрај возењето на велосипедските рути на 16 ноември ве очекуваат многу забавни и интерактивни активности.

Пред Школка ќе се одржи и кратка дискусија за машкото здравје и предизвиците на современиот маж, на која ќе учествуваат инфлуенсерите Александар Динев, Бомбакис и Никола Поповиќ – Ниџо. Целиот настан ќе биде придружен со DJ сет на забавна музика, за размрдување на присутните и мотивација за тркачите – како и минатите изданија, така и оваа година dm ви спреми богата агенда:

– Берберот Сашо Ажиевски ќе биде тука бесплатно да ве потстриже и да му даде форма на вашиот мовембер брк на Philips штандот.

– Експертот за велосипеди Сашо Јуруков е тука за сите мали поправки за велосипедистите, како и да сподели некој совет околу оддржувањето на вашето омилено превозно средство.

– Д-р Стефан Николов од приватната болница „Аџибадем Систина“ ќе ви споделува бесплатни совети за вашето машко здравје и ќе биде тука за сите кои сакаат да ги проверат шеќерот во крвта и крвниот притисок.

– Уролозите од иницијативата „Мовембер“ здружението Movember покрај тоа што ќе бидат дел од велосипедската рута, ќе бидат присутни и за бесплатни консултации околу грижата за машкото здравје.

– Нутриционстката Симона Коруновска ќе ви припреми вкусни dmBio закуски за дегустација и ќе споделува совети за добри прехранбени навики.

– Во протеинското катче ќе може да ги испробате вкусните протеински штанглици и шејкови од PROTEINI.SI и POLLEO Sport.

– На Good Nature штандот ќе можете да се загреете со топли напитоци во разни вкусови.

– Аниматорите од Мали креативци ќе бидат тука за да ги насмеат најмалите посетители на интерактивно детско катче

Велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје“ полека прераснува во убава традиција, чија цел е да ја поттикне машката популација кон поголема грижа за себе и за машкото здравје преку правење самопрегледи и редовни лекарски прегледи. Главниот симбол на големото светско движење Movember насочено кон оваа кауза е токму големиот мустаќ кој ќе биде и севкупен знак на настанот на dm дрогерие маркт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

 

Поврзани содржини