Ѝ ПУКНАЛА БОЦА И ЗАВРШИЛА СО ИЗГОРЕНИЦИ Скопјанка повредена во нејзиниот дом
Повредената пријавила дека ѝ пукнала плинска боца која била приклучена со греалка.
Скопјанката Х.С.(45) вчера попладне пријавила дека околу 16.40 часот во нејзиниот дом во населбата Гоце Делчев пукнала плинска боца која била приклучена со греалка.
Таа се здобила со изгореници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.