ПУКАНО ВО АКТЕРКАТА ДЕНИЗ РИЧАРДС Со сопругот била во автомобилот

1,329

Актерката Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Пајперс се најдоа во понеделникот на улица за време на пукање во Лос Анџелес. За среќа и таа и нејзиниот сопруг се спасиле без повреди.

Ричардс, се упатила кон ТВ студиото со нејзиниот сопруг, кој забавил додека барале паркинг на улица, во тој момент возачот што поминувал почна да пука од огнено оружјеЗа инцидентот прв извести ТМЗ, а подоцна претставничката на актерката потврди дека Дениз и нејзиниот сопруг биле вмешани во пукањето, но не се повредени.

ТМЗ соопшти дека полицијата била повикана откако некој во студиото забележал оштетување од огнено оружје на „форд шелби“ Ф-150, но не е јасно дали некој отишол на местото на настанот за да се направи записник.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес, кој е надлежен за подрачјето на студијата, соопшти дека нема евиденција за таква пријава и дека не е во тек никаква истрага, пренесува „Ен-би-си“.

– Во овој момент не ни знаеме каде се случило тоа – рекла полицајката Мелиса Подани.

Претставник на државната патрола на Калифорнија, која ги обработува повиците на 911 од и во близина на автопатите, рекол дека не можел да го најде записот за таква пријава. Портпаролот на на шерифот на округот Лос Анџелес, чии заменици ја разгледуваат областа, вклучително железничките и автобуските линии на јавен превоз, го рекол истото.

ТМЗ објави фотографија од задниот дел на возилото на која се гледа оштетување од куршуми.

Инаку, Дениз Ричардс е поранешна сопруга на актерот Чарли Шин.

Поврзани содржини