🎥 ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО САД НА БАДНИК Едно лице загина, тројца се повредени

Причина за оружениот инцидент во Колорадо Спрингс е конфликт меѓу две групи.

97

Едно лице загина, а две други се тешко повредени во пукотница што вчера избувна во трговскиот центар Цитадел во Колорадо Спрингс, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 16 часот и 34 минути по локално време, а се наведува дека причината е конфликт меѓу две групи, пренесуваат американските медиуми.

– Еден човек почина на местото на настанот, а двајца други се пренесени во болница во тешка состојба – изјави службеник за јавни информации во Колорадо Спрингс за ABC News.






Една жена е во стабилна состојба и не се здобила со прострелни рани, велат оттаму.

По инцидентот приведени се неколку лица, соопшти полицијата. Властите работат на утврдување дали осомничениот напаѓач е меѓу приведените.

Поврзани содржини