ПУКАЊЕ ВО ЧАИР Едно лице е рането

517

Триесетедногодишно лице е рането во Чаир и се наоѓа во болница, информира полицијата.

Според информацијата, полицијата дознала за настанот по пријава од градската болница „СВ. Наум Охридски“.






„Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје“, информира полицијата.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Медиумите синоќа објавија дека Д.Б. е син на сопственик на  чајџилница во „Чаирчанка“ и дека пукањето произлегло од обид за помирување на две семејства.

 

Поврзани содржини