Пукање и експлозија во Русија, учител и осум деца загинаа, приведен е малолетник
Повеќе од 20 екипи на брза помош излегоа на местото на несреќата, објави Министерството за здравство на Татарстан.
Најмалку девет лица загинаа во денешниот напад во училиште во рускиот град Казан. Најмалку еден учител и осум деца загинаа во пукањето, а локални медиуми јавуваат дека се повредени повеќе ученици.
Во тек е евакуација на учениците.
Претходно беше соопштено дека две непознати лица отвориле оган врз училиште во Казан, по што одекнала експлозија.
„Обвинителот на Република Татарстан Илдус Нафиков замина на местото на настанот. Околностите околу инцидентот се испитуваат”, се вели во соопштението на Министерството. На местото на инцидентот пристигна и претседателот на Република Татарстан Рустам Миниханов.
Набргу по пукањето, одекнала експлозија, соопштија специјалните служби. Тие уште додаваат дека за пукањето е виновен еден 17-годишен малолетник, кој е приведен.
Повеќе од 20 екипи на брза помош излегоа на местото на несреќата, објави Министерството за здравство на Татарстан.