ПУЧ И ХИБРИДЕН ДРЖАВЕН УДАР Милитантите во Казахстан биле обучувани во странство?
На вонредната седница Путин рече дека биле користени „добро организирани групи на милитанти“ во Казахстан, кои тој ги опиша како „очигледно обучени во терористички кампови во странство. Тој додаде и дека во Казахстан се имплементирани „Мајдански методи“ и дека земјата се соочува со „вистинска закана“.
Пуч направен од „странски милитанти“ и хибриден напад на уставниот поредок издржал Казахстан деновиве според претседателот Касим Џомарт Токаев, а денеска, откако полицијата уби над 160 демонстранти, а зароби скоро 8.000, 10 јануари, прогласен e ден на жалост. Што сакаше да каже Токаев со зборот пуч? Неговиот руски колега, Владимир Путин, порача дека руските сили ќе останат во Казахстан, пишува Б92.
– Закана за државноста на Казахстан не се спонтани протести поради цените на горивото, туку фактот дека деструктивните внатрешни и надворешни сили ја искористија ситуацијата – рече Путин, објаснувајќи дека било неопходно веднаш да се реагира на „актот на агресија“.
Лукашенко го подучува Токаев за странските шпиони
На слично мнение е и лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој во порака до неговиот казахстански колега истакна дека целта на екстремистите во Казахстан е да предизвикаат хаос. Протестите кои почнаа на 2 јануари наводно избувнаа поради цената на бензинот која се зголеми за 100 отсто, Но, самиот претседател Токаев оди подлабоко:
– Во екот на конфликтот, група вооружени милитанти чекаа да преземат акција. Нивната главна цел беше очигледна – да ги газат уставите, да ги уништат државните институции и да ја преземат власта. Овде зборуваме за обид за државен удар – рече тој на видеоконферниција на Советот за колективна безбедност.
Обучени се во кампови во странство
На вонредната седница Путин рече дека биле користени „добро организирани групи на милитанти“ во Казахстан, кои тој ги опиша како „очигледно обучени во терористички кампови во странство.
Тој додаде и дека во Казахстан се имплементирани „Мајдански методи“ и дека земјата се соочува со „вистинска закана“.
Бандитите беа пет пати побројни?
На крајот од конференцијата, претседателот на Казахстан им се заблагодари на претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко за помошта.
Тој изјави дека, како што рече, „бандитите“ биле бројно посилни најмалку пет пати и дека „во агресијата врз Казахстан учествувале и странски милитанти“.
Хибридeн напад
Казахстанскиот државен секретар Јерлан Карин изјави дека неодамнешните немири во таа земја се всушност напади на терористи кои се обиделе да извршат државен удар.
– Мислам дека наидовме на хибриден терористички напад врз Казахстан, кој како крајна цел имаше општа дестабилизација и евентуално пуч – изјави Карин на телевизијата „Кабар 24“, јави руската агенција ТАСС.
Службеникот ги отфрли споредбите со „обоени револуции или кадифена револуција“, наведувајќи дека владата во Казахстан е премногу силна за да подлегне на таквите случувања.
Наместо тоа, како што рече, немирите претставуваат „заговор на внатрешни и одредени надворешни сили“, бидејќи, како што вели, меѓу терористите имало и казахстански и странски државјани.