📽️ ПТИЦА ОТКИНА НОС НА АВИОН Драма во воздухот над Мадрид, патниците во паника

Податоците од „FlightRadar24“ покажаа дека авионот накратко кружел околу Мадрид речиси еден час пред да се врати на аеродромот.

545

Авионот на компанијата Иберија, „IB579“, бил принуден да слета во Мадрид откако, наводно, бил удрен од голема птица за време на полетувањето.

Фотографиите од аеродромот покажаа дека носот на авионот претрпел сериозни оштетувања.






Како што може да се забележи материјалот од предниот дел на авионот, кој требаше да лета за Париз, паднал по ударот.

На една фотографија, птицата што очигледно го предизвикала ударот може да се види во предниот дел од авионот. Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа патници во паника како ги земаат маските за кислород среде драмата во кабината.

Податоците од „FlightRadar24“ покажаа дека авионот накратко кружел околу Мадрид речиси еден час пред да се врати на аеродромот.

Слетал нешто повеќе од еден час по полетувањето.

Според информациите на надлежните, нема повредени патници, единствената штета е направена само на носот на авионот на компанијата Иберија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини