Познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов упати жестоки критики поради ужасниот скандал кој се обелоденува на Клиниката за онкологија, а кој траел подолго време.
„Ако некогаш сте се прашувале какви биле луѓето што работеле во Аушвиц, каква психа и свест имале, не барајте примери подалеку од тие на Онкологија. Ете такви биле, навидум обични луѓе, но во суштина целосно бездушни“, пишува Иванов.
Според Иванов „Аушвиц да успее, морало целиот тој синџир на злото да биде непрекинат, од прв до последен, од Хитлер до најмалиот чиновник морале да бидат оддадени на култ на зло и смрт. Така и овде, од министер и директор, па се до медицинска сестра морале да се во ист демонски шаблон“.