ПРЖИНСКАТА ВЛАДА Е КАКО ГМО, ВЕЛИ СТЕФАНОВСКИ „Ако опстои, не сме зрели за ЕУ“
Ако техничката, односно Пржинска влада продолжи да опстојува, тоа значи дека ние не сме зрели да чекориме кон ЕУ. Тоа значи дека немаме ефикасен правен систем кој преку Изборниот законик механизмите за легитимни избори се неадекватни, дециден е аналитичарот Милан Стефановски.
Техничката Влада, односно Пржинската Влада беше формирана заради тогаш специфичните околности во тие моменти и беше плод на компромисни решенија се со цел враќање на довербата кон правно политичкиот поредок на државата и надминување на политичката криза, вели за македонски Курир безбедносниот аналитичар Милан Стефановски.
– И, како таква само тогаш имаше смисла и логика да функционира. Денес, после повеќе од една декада, Пржинската влада е Генетски модифициран организам во политичкиот и правен систем на државата. Без никаква смисла да опстои. Ако таа продолжи да опстојува, тоа значи дека ние не сме зрели да чекориме кон ЕУ. Тоа значи дека немаме ефикасен правен систем кој преку Изборниот законик механизмите за легитимни избори се неадекватни – дециден е Стефановски.