ПРВПАТ НИТУ ЕДЕН НЕ ПОМИНА НА ЦРВЕНО Возачите се смирија пред семафорите, но и натаму возат пребрзо

Иако нема ниту еден прекршок за црвено светло, системот „Безбеден град“ евидентираше 526 сообраќајни прекршоци, најмногу за пребрзо возење.

344

За првпат откако функционира системот „Безбеден град“, во изминатото деноноќие не е регистриран ниту еден прекршок за минување на црвено светло, иако камерите евидентирале вкупно 526 сообраќајни прекршоци.

Според податоците од системот „Безбеден град“, на 24 февруари 2026 година на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери не е забележано ниту едно поминување на затворен семафор, нешто што се случува првпат од стартот на системот.






Од вкупно регистрираните 526 прекршоци, дури 504 се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената. Дополнително, евидентирани се и 22 прекршоци за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

Во извештајот се наведува дека 84 прекршоци ги сториле возачи кои управувале возила со странски регистарски таблички.

Полицијата изрекла и вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“, сите поради пребрзо возење. Од нив, 13 се за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, а четири мерки се за брзина поголема од дозволената согласно ограничувањето на самото возило.

Во рамки на дозволеното отстапување на брзината, толерирани биле 3.336 возачи.

Поврзани содржини