ПРВОТО КУЧЕ ОД „ЛАЈКА“ ОТПАТУВА ВО САД Приказната на Дарио продолжува во дом во Чикаго (ВИДЕО)

Заловено од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска живее заедно со американско семејство во Чикаго.

650

По повеќе од три месеци поминати во јавното претпријатие „Лајка” и по долга и напорна работа, кучето Дарио кое беше заловено од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото, вчера отпатува во САД, информираа од Јавното претпријатие за третман  на улични кучиња.

Оттаму  информираат дека Дарио, кој има  две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња.






– Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи ја околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка”, за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци. Се надеваме дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата, а Лајка ќе ги обезбеди сите услови за нивно патување и наоѓање лица кои ќе им пружат живот каков што заслужуваат. Среќен и убав живот во новиот дом, Дарио! – велат од „Лајка“.

Поврзани содржини