ПРВО УДРИЛ ВО ДРВО, ПА ПАДНАЛ ВО КАНАЛОТ Тешка сообраќајка во Велес, повредено е 24-годишно момче

По укажаната помош од страна на медицинскиот персонал на ИПМ, момчето веднаш било префрлено во велешката болница.

494

Утрово, околу 7 часот се случила тешка сообраќајка кај Раштански пат, во близина на велешката фабрика Киро Ќучук, објави локалниот портал Батали.

Младо момче на 24 години кое управувало со автомобилот, со возилото прво удрило во неколку дрвја, па завршило во канал веднаш до коловозот.






По укажаната помош од страна на медицинскиот персонал на ИПМ, момчето веднаш било префрлено во велешката болница.

– Сообраќајна незгода на патот од фабрика Брако кон Киро Ќучук во шанецот до касарната, во која е повредено 1 лице, на 24-годишна возраст, со повреди на врат и горен дел на грбот. Со возило од ИМП пренесен во ургентен хирушки цантар во ЈЗУ Општа болница Велес – изјави Јадранка Мишкова, дежурен лекар во Итната медицинска помош.

Полицијата е на местото на настанот, по што официјални податоци следуваат во текот на денот.

Поврзани содржини