ПРВО СТИГНАЛА ПОРАКА, ПА ПОТОА „БУМ“ Експерти откриваат како бил изведен нападот со пејџерите во Либан
Очевидците откриле дека прво се огласил пејџерот, а потоа известувањето било паузирано, што било доволно време сопствениците да ги доближат уредите до лицето, а потоа уредите биле активирани и дошло до експлозија. Експерти за „Гардијан“ велат дека се доволни неколку грама експлозив во мал носач за секој пејџер за таквиот потфат, но дека неговото планирање траело со месеци.
Години можат да поминат додека се открие вистината за тоа како беше изведен нападот со експлодирачките пејџери во Либан, но тој мора да бил внимателно планиран, пишува британски „Гардијан“. Според експертите доволни се неколку грама експлозив вградени во мал носач за секој уред за да предизвикаат експлозија.
– Не е потребно многу бидејќи е блиску до телото, па неколку грама експлозив се доволни за да се нанесе повреда – објаснува за „Гардијан“ Алан Вудворд, професор по сајбер безбедност на Универзитетот во Сари.
По координираните напади на повеќе локации во Либан кои вклучуваа пејџери во вторникот, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови експлодираа и повеќе воки-токи станици користени од либанската група Хезболах. Овие експлозии беа во јужните предградија на главниот град Бејрут, изјавија безбедносни извори и сведок.
- ЕКСПЛОЗИВНИТЕ ПЕЈЏЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ ПРИСТИГНАЛЕ ОД БУГАРИЈА? Компанија од Софија е под истрага
- ПЕЈЏЕРИТЕ ПУКНАА, ПА МОЖЕБИ ЌЕ СЕ ПУКА И ВО ИЗРАЕЛ Илјадници израелски војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
Прво порака, потоа експлозија
Првиот бран експлозии во вторникот, кај пејџерите, беше предизвикан од специјална порака од раководството на Хезболах, што имплицира, тврди Вудворд, извесна модификација на вградениот софтвер на свиркачот. Ова значи дека уредот ќе експлодира кога ќе се испрати соодветната порака.
Очевидците откриле дека прво се огласил пејџерот, а потоа известувањето било паузирано, што било доволно време сопствениците да ги доближат уредите до лицето, а потоа уредите биле активирани и дошло до експлозија.
Либанските лекари објавија дека лекувале повеќе повреди на рацете и очите по експлозијата.
- ЕКСПЛОЗИИТЕ НА ПЕЈЏЕРИТЕ МОЖЕ ДА РАЗГОРАТ ГОЛЕМА ВОЈНА Кремљ остро ги осуди нападите врз Хезболах
- ПЕЈЏЕРИТЕ БИЛЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ОД ФИРМА СО СЕДИШТЕ ВО БУДИМПЕШТА Досега 12 загинати и 200 лица во критична состојба по масовните ескплозии
Олег Брод, директор на Сајбер-лабораториите на Универзитетот Бен-Гурион, истакнува дека саботирањето на комуникациските уреди не е едноставен потфат.
– Можеби дури и била потребна соработка или на производителите или на израелската шпионска агенција Мосад (забележете дека Израел и Мосад не ја презедоа одговорноста за нападите), или кој и да стои зад нападите, самите да ги произведат уредите, иако ова е шпекулативно – вели експертот.
„Такво нешто се планира со месеци“
Емил Хокајем од Меѓународниот институт за стратешки студии вели дека операцијата била планирана со месеци.
Според веб-страницата Аксиос, Јоав Галант, министерот за одбрана на Израел, го повикал Лојд Остин, неговиот американски колега, „неколку минути“ пред да тргнат пејџерите за да му каже дека ќе има операција во Либан.
Не беа објавени детали, а Стејт департментот рече дека САД не биле предупредени за планираниот напад.
- ХЕЗБОЛАХ ТВРДИ ДЕКА МОСАД ГО ПОСТАВИЛА ЕКСПЛОЗИВОТ ВО ПЕЈЏЕРИТЕ Израел засега молчи
- КОМПАНИЈАТА „ГОЛД АПОЛО“ ДЕМАНТИРА ДЕКА ПРАВЕЛА ПЕЈЏЕРИ ЗА ХЕЗБОЛАХ Еве од каде се набавени 5.000 пејџери за либанската организација
Иако Израел не ја презеде одговорноста за нападот, малкумина се сомневаат дека неговите безбедносни сили стојат зад нападот, што е извонредно бидејќи во нападот беа вклучени илјадници уреди, а не само еден телефон за нагазна мина како оној што беше употребен за атентат на лидерот на Хамас Јахја Ајаш во 1996 година.
Израел има долга историја на софистицирани напади во тајни операции.
Будимпешта-Тајван-Израел
Околу 2.800 лица беа повредени, а 12 загина во првиот бран експлозии на пејџери во вторникот, додека во вториот бран што следеше во средата загинаа 14 лица.
Тајванскиот производител на пејџерите соопшти дека тие се направени од компанијата BAC Consulting KFT, со седиште во Будимпешта, која има дозвола да го користи името на тајванската компанија. Фирмата во Унгарија била регистрирана во 2022 година на адреса во Будимпешта каде се регистрирани уште неколку компании.
„Не ги правам јас пејџерите“
„Гардијан“ ја контактирал извршната директорка на компанијата, а таа само прашала како новинарот го добил бројот и потоа ја спуштил слушалката. Сепак, таа потврди за Ен-Би-Си дека нејзината компанија соработувала со тајванскиот прозиводител Gold Apollo.
– Јас не правам пејџери, јас сум само посредник. Мислам дека погрешивте – рече ристиана Барсони-Арцидиаконо, а подоцна и унгарските власти рекоа дека пејџерите не се произведени во нивната земја.
Дилема се појави и со фирмата производител на токи-воките од нападот од средата. Јапонската фирма „Иком“ соопшти дека моделот на токи-воки кој експлодираше во Либан не е во производство веќе 10 години.