ПРВО СО МЕТАЛНА ШИПКА ЈА УДИРАЛ СНААТА ПО ГЛАВА, А ПОТОА И БРАТОТ Побаран притвор за стајковецот кој изврши двојно убиство
Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка, се наведува во образложението за притворот од ОЈО.
Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за лицето кое изврши двојно убиство во Стајковци.
Обвинителството соопшти дека, против лицето била поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци, тој со умисла ги лиши од живот својот брат и снаата.
„Осомничениот прво ја нападнал снаата, удирајќи ја повеќе пати со метална шипка по главата, а потоа го пресретнал и братот на кого исто така со шипката му нанел смртоносни повреди. По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка“, се наведува во соопштението.