Прво се степал со обезбедувач во казино, па го продобел со нож

Од две лица била одземена пушка поради тоа што биле фатени во незаконски лов.

442

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО КАЗИНО ПРОБОДЕНО СО НОЖ – На 08.12.2020 во 12.00 часот во Полициска станица Центар, А.Ѓ.(41) пријавил дека, на 07.12.2020 околу 03.00 часот додека бил на своето работно место како обезбедување во казино на улица “Народен фронт”, настанала расправија помеѓу пријавителот и Н.И. По расправијата двете лица влегле во патничко моторно возило “алфа ромео” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.Ѓ. и заминале на улица “Питу Гули” каде настанала физичка пресметка меѓу двете лица, при што Н.И. со остар предмет му нанел повреди на А.Ѓ. и со возилото го напуштил местото на настанот. На пријавителот му е укажана лекарска помош во Клинички центар “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОДЗЕМЕНА ПУШКА ПОРАДИ НЕЗАКОНСКИ ЛОВ – На 08.12.2020 на место викано „Мечкин рид“ атар на с.Мачево, беровско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово постапувајќи по план за откривање на кривично дело „незаконит лов“, во патничко моторно возило „опел фронтера“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.В. од с.Чифлик, кај сопатникот во возилото Д.В.(31) од с. Мачево пронашле и одзеле ловечка пушка, марка „ТОЗ 66“, калибар 12 мм и еден реденик со осум патрони калибар 12 мм за кои не поседувал дозвола. По комплетирање на случајот против Д.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.






ФАТЕНИ КРАДЦИ ОД СКОПЈЕ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против J.A.(53) и Е.А.(49) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“. Пријавените, кривичните дела ги сториле на 20/21.01.2020 и 11.12.2020, кога од објекти во Тетово одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

ЗАПАЛЕНО ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ – На 08.12.2020 во 07.12 часот во СВР Скопје, Ѓ.З., вработен во Македонски Железници пријавил дека на железничката станица „Скопје Север“, едно лице го запалило државното знаме кое било на јарболот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРИВЕДЕН ИЗМАМНИК ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – На 08.12.2020 во 16,40 часот во угостителски објект во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје лишен од слобода е Р.А.(43) од Долно Свиларе, и при преглед кај него пронајдени и одземени се пари за кои постои основано сомнение дека се предмет на кривично дело „измама“. Се работи на расчистување на случајот.

ПРИЈАВЕН НАПАД СО ОСТАР ПРЕДМЕТ – На 09.12.2020 во 03.45 часот во с.Панчарево, делчевско, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Д.(36), по претходно добиена пријава во Полициската станица Делчево во 00.25 часот дека тој со остар предмет го нападнал Т.Ѓ во с.Тработивиште, делчевско. Според пријавеното, на 08.12.2020 околу 22.30 часот пред куќа во с.Тработивиште Т.Ѓ. бил нападнат со остар предмет од Д.Д. од с.Панчарево. Увид на местото извршиле полициски службеници од ОВР Делчево. Се работи на комплетирање на случајот по што против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини