ПРВО СЕ СКАРАЛЕ, ПА ГО НАТЕПАЛ Скопјанец нападнат од вработен на Клинички центар
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопјанец пријавил дека бил нападнат од вработен во установата Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Од Министерството за внатрешни работи излегоа со детали за случајот.
– На 12.10.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(33) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, по претходна расправија, бил физички нападнат од вработен во установата – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.