Прво рочиште за случајот „Шпански скали“, Јанакиески се изјасни за невин

Јас сум една година во притвор, а СЈО не најде основ за поведување истрага - рече Јанакиески.

323

Не се чувствувам виновен и ќе се бранам активно, рече поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешното рочиште за случајот „Шпански скали“, а откако и останатите десетмина обинети се изјаснија за невини, јавната обвинителка Ивана Трајчева го образложи обвинението според кое државата со незаконска продажба на државно земјиште на плоштадот Македонија е оштетена за 2.6 милиони евра.

– Состојбата на договорите за кои сум обвинет дека не сум ги раскинал е идентична и денеска, а обвинет сум само јас. Двајцата министри после мене не се обвинети, а не е обвинет ниту градоначалникот на Општина Центар. Јас сум една година во притвор, а СЈО не најде основ за поведување истрага – рече Јанакиески.






Адвокатот Тони Менкиноски, пак, по рочиштето истакна дека обвинението е паушално и дека дел од обвинетите не знаат зошто се обвинети.

Поврзани содржини