ПРВО ЌЕ ГИ РАЗВЛАСТИМЕ, ПА ЌЕ ГИ ГОНИМЕ Тоа не е моја желба, туку е насушна потреба

СДСМ и ДУИ на овие избори се апсолутни губитници, а тоа само говори за гневот на граѓаните кои го чувствуваат кон оваа власт, поради сите губитнички политики изминатите години, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

3,736

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е уверен во намерата да ја развласти власта предводена од Зоран Заев, СДСМ и на ДУИ. Таквата намера тој ја искажа во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ кога рече дека ваквото безредие, здравствен хаос и економски очај не смее да продолжи ниту ден повеќе.

– Граѓаните на локалните избори ја искажаа својата желба, а тоа значи дека СДСМ и ДУИ треба да заминат во опозиција. Јас кажав дека заедно со сите политички партии коишто се против овој режим, ќе го развластиме Зоран Заев. СДСМ и ДУИ на овие избори се апсолутни губитници, а тоа само говори за гневот на граѓаните кои го чувствуваат кон оваа власт, поради сите губитнички политики изминатите години. Развластувањето на оваа власт не е желба на Христијан Мицкоски, туку насушна потреба за земјата да почне да се развива и да заврши еднаш засекогаш со криминалот и корупцијата. Република Македонија мора да стане земја на прогрес и унапредувања, наместо на уназадување и кражби – истакна Мицкоски.






Тој додаде дека СДСМ и ДУИ не сакаат да поверуваат во дебаклот кој го доживеаа на овие локални избори, односно не беа спремни за брзо напуштање на власта.

– Граѓаните избраа и нивната волја ќе мора да се почитува. Оваа власт на Заев и Ахмети, прво ќе биде развластена, а потоа ќе одговара за сите лоши политики изминатите години. Правдата еднаш ќе мора да заживее во државата, а со тоа и да се вратат вистинските принципи и вредности по кои ќе функционира општеството. Владата којашто ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира ќе работи исклучиво на подобрување на економијата, здравството и се она кое што оваа моментална расипничка власт го клекна на колена – заврши Мицкоски.

Поврзани содржини