🎥 ПРВИТЕ СНИМКИ ОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА НАВЕСТУВААТ УЖАС Светот е во исчекување на бројот на жртвите во Боингот со 242 патници
Оваа несреќа потсетува на една друга, кога авион на индиска компанија, при влегување кон аеродромот во Ахмедабад во 1988 година, уби 133 лица поради пилотска грешка и лоши временски услови. Во 2010 година се случи катастрофален инцидент со лет на „Ер Индиа Експрес“, кога авион од модело Боинг 737-800, при пристигнување во Мангалиор доживеа несреќа во која загинаа 158 луѓе.
Додека светот е во исчекување на информации за последиците од авионската несреќа што се случи во четвртокот на 12 јуни, кога патнички авион на „Ер Индиа“ (Air India) се урна само неколку минути по полетувањето на аеродоромот во Ахмедабад во Иднија, се појавија првите видео снимки од настанот.
BREAKING:
A London-bound Air India Flight 171 has crashed into a residential area minutes after taking off from Ahmedabad, India.
The Boeing 787-8 was carrying 242 passengers and crew pic.twitter.com/3BEOCmXLXd
— Visegrád 24 (@visegrad24) June 12, 2025
VIDEO | Ahmedabad: Smoke seen emanating from airport premises. More details are awaited.
(Full video available on PTI Videos – https://t.co/n147TvrpG7)
(Source: Third Party) pic.twitter.com/qbO486KoEo
— Press Trust of India (@PTI_News) June 12, 2025
Сите 242 регистрирани патници на летот лет AI 171 биле во авионот од моделот Боинг 787-8 Дримлајнер. По полетувањето, авионот достигнал само 625 стапки височина, потоа доживеал нагло симнување од околу и исчезнал од радарот.
Авионот се урнал во населена зона, веднаш надвор од периметарот на аеродромот, во областа Мегхани Негар, предизвикувајќи густ чад и пожар.
Најмалку седум противпожарни единици, амбулантни екипи и полиција интервенирале на местото на несреќата. Засега не е познат точниот број на жртви или повредени, ниту информациите за преживеани или жртви.
Министерот за цивилно воздухопловство на Индија изрази „шок и разочарување“ и најави мобилизација на сите релевантни служби.
Оваа несреќа потсетува на воздушниот удар, кога авион на идјниска компанија, при влегување кон аеродромот во Ахмедабад во 1988 година, уби 133 лица поради пилотска грешка и лоши временски услови.
Во 2010 година се случи катастрофален инцидент со лет на „Ер Индиа Експрес“, кога авион од модело Бинг 737-800, при пристигнување во Мангалиор доживеа несреќа. При тоа, 158 луѓе загинаа поради незавршена стабилна процедура на слетување и пречекорување на крајот на пистата.
Несреќите на аеродроми најчесто се случуваат поради технички и системски грешки – неочекувани откажувања на моторите или на хидраулични системи на авионите, кои може значително да влијаат при пониските височини, како што се фазите по полетувањето. Не е за занемарување и човечкиот фактор, што било клучна причина во неколку инциденти, особено при нестабилни пристапи и слетувања.
Проблем може да биде и дизајн на пистата, но и околина, на аеродроми како што се Мангалиор, каде има дополнителен ризик поради ограничениот простор за евентуален прекин на слетувањето. Дополнително, ризиците се усложнуваат и при лоши временски услови – премали видливост, ветрови и лош аеродромски надзор.
Урнувањето на авионот во Ахмедабад претставува сериозна безбедносна закана, особено во зона која служи како транспортен центар за Махараштра, со над 13 милиони патници годишно.
Несреќата е и лоша вест за авионите од моделот Боинг 787, кои ги чека можна суспензија во Индија.