Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.796.143 лица. Од нив починати се 194.547, а оздравеле 773.408 луѓе.
– Во Црна Гора бројот на жртви се зголеми на шестмина починати. Заразени се вкупно 319 луѓе.
– Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Коумо изјави дека видот на коронавирусот со кој почнала епидемијата во неговата држава дошол од Европа, а не од Кина.
– Американското Министерство за одбрана потврди дека има заразени со ковид-19 на разорнувачот „Кид“ кој е во водите на Карипското Море.
– Меѓу заразените со ковид-19 во Италија има повеќе жени, но стапката на смртност е поголема кај мажите, покажаа податоци на италијанскиот Висок институт за здравје.
– Првите случаи на зараза со Ковид-19 во Италија датираат од јануари, покажа истражување спроведено со цел подобро да се разберат корените на епидемијата во една од најтешко погодените земји во светот.
– Азербејџан и Грузија од понеделник ќе почнат да ги укинуваат мерките воведени поради Ковид-19.
– Во Турција досега починаа вкупно 2.600 лица.
– Во Велика Британија за еден ден од Ковид-19 починале 684 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 19.506.
– Шведска предупреди дека ќе ги затвори баровите и рестораните ако не се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.