ПРВИТЕ АВТОБУСИ НА 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ТРГНАТ ПОДОЦНА Во текот на денот ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од петок (2.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимски ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

259

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) утре 31.12) ќе возат по редовниот зимски возен ред, а на 1 јануари ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.

На 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.






Од петок (2.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимски ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во среда (31.12.2025 год), шестте центри за персонализација и билетарниците на ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ, БУТЕЛ ПАЗАР и во ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ќе работат до 16 часот , а останатите билетарници ќе работат само прва смена до 14 часот.

Во четврток (1.01.2026 год), дежурни ќе бидат центарот за персонализација на Транспортен цетар ( 11-17 часот) и билетарницата на Жичница ( 11-17 часот).

Од петок (2.01.2026 год) продолжуваат со вообичаено работно време.

Жичницата на 31.12.2025 год ќе работи од 10 до 15 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. Последното возење од долу кон врвот и од врвот надолу е во 16.30 часот.

Поврзани содржини