ПРВИОТ ОДМОР НА ВАШЕТО БЕБЕ Како најдобро да ја заштитите кожата на бебето за време на летните жешки денови?

Додека вашето бебе ја извршува својата „летна истражувачка мисија“ – вие имате една уште поважна: да ја чувате неговата кожа здрава и заштитена од жешките сончеви зраци.

40

Првиот одмор на море, малите стапалца што за првпат го чувствуваат топлиот песок и смеа што одекнува кога бранчињата нежно ги разладуваат… и големи, љубопитни бебешки очи што го впиваат бескрајното морско синило пред нив – тоа се тие нежни летни моменти што секој нов родител ги доживува само еднаш, а ги памети засекогаш.

Но, додека вашето бебе ја извршува својата „летна истражувачка мисија“ – вие имате една уште поважна: да ја чувате неговата кожа здрава и заштитена од жешките сончеви зраци.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Покрај сите тие убави моменти, долгиот престој на плажа и изложеност на сонце носи предизвици за нежната бебешка кожа. Како што советува дерматовенерологот Спец. д-р Тихомир Цветковиќ – за чувствителната и детската кожа секогаш избирајте сигурна и нежна заштита како кремите од дерматолошки потврдената линија sundance sensitive или sundance med ultra sensitive кои може да ги пронајдете во dm. Овие креми се создадени со внимание – без парфеми, без парабени и без хемиски состојки што би можеле дополнително да ја иритираат кожата.

Затоа, пред вашето бебе да ја открие магијата на песокот и брановите – сместете се под длабока сенка или чадор, нанесете му од заштитната крема на лицето и телото, облечете го во лесна памучна облека и додадете му го шареното капче на глава и бебешките очила – за заштита од сонце и за совршен морски летен стајлинг… И секако многу вода, хидратација и гушкање во текот на целиот ден!
Откако ќе заврши сончевиот ден и бебето ќе се умори од својата „летна истражувачка мисија“, време е за нежен завршеток – освежувачко туширање и sundance after sun крема со алое вера. Таа ја враќа свежината, ја прави кожата мека и нежна, подготвена за нов сончев ден. А најубавото? Создадена е со љубов кон природата – за родители со зелена совест и еко срце.
Првиот одмор со бебе нека ви биде вистинска авантура – полн со насмевки, нови доживувања и слатки моменти за паметење. Со вистинска подготовка подарете му на вашето семејство незаборавни летни спомени. Вашето бебе ќе ја обожава плажата – а вие ќе ја добиете најслатката и најнасмеаната „бебешка разгледница“ во вашето срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Поврзани содржини