ПРВИОТ ЧОВЕК НА АМЕРКАНСКАТА МОРНАРИЦА СМЕНЕТ ОД ФУНКЦИЈАТА Пентагон не наведе причина

Фелан не служел војска, ниту имал цивилна лидерска улога во службата, пред Трамп да го номинира за секретар на морнарицата, но беше голем донатор на кампањата на американскиот претседател.

0

Секретарот на морнарицата Џон Фелан ја напушта својата позиција, објави ненадејно Пентагон.

Не беше наведена причина за неочекуваното заминување на највисокиот цивилен функционер на морнарицата, кое доаѓа во време кога поморската служба воведе блокада на иранските пристаништа. Функцијата ја презема вршителот на должноста шеф на морнарицата: потсекретарот Хунг Цао.

Заминувањето на Фелан е последното во низата промени во врвното раководство во Пентагон, што доаѓаат само неколку недели откако министерот за одбрана Пит Хегсет го отпушти највисокиот униформиран офицер на армијата, генералот Ренди Џорџ. Хегсет, исто така, отпушти неколку други врвни генерали, адмирали и лидери на одбраната откако ја презеде функцијата минатата година.

Фелан не служел во војската, ниту имал цивилна лидерска улога во службата пред Трамп да го номинира за секретар, но беше голем донатор на кампањата на американскиот претседател.

Поврзани содржини