ПРВИ СМЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ПО ПОСЕДУВАЊЕ СМЕТКИ ВО БАНКА Повеќе од 84% од населението има некаква платежна картичка

Користењето дебитни и кредитни картички расте, при што 76% од граѓаните ги користат за плаќања, а 62% од сопствениците на сметка вршат онлајн плаќања.

89

Според последните податоци од Светската банка, 84% од населението над 15 години во земјава поседува сметка, што претставува највисоко ниво во регионот на Западен Балкан. Користењето дебитни и кредитни картички расте, при што 76% од граѓаните ги користат за плаќања, а 62% од сопствениците на сметка вршат онлајн плаќања.

Овие податоци биле споменати во раазговорот на гувернерот на Народна Банка Трајко Славески и извршниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиго за време на Глобалниот форум на алијансата кој се одржува во Намибија.






Славески„ како што соопшти Народна банка, рекол дека динансиската вклученост е клучен предуслов за повисока економска активност и доход.

– Народната банка континуирано работи на олеснување на пристапот до финансии, заштитата на потрошувачите и промовирaњето на дигиталните и зелените финансии- рекол Славески.

На средбата било истакнато дека натамошното унапредување на финансиската вклученост, особено кај младите, жените и ранливите групи, е од стратегиско значење за економскиот развој и стабилноста на земјата.

Гувернерот Славески и извршниот директор на АФИ, Ханиг се согласиле и дека размената на искуствата и соработката меѓу централните банки и меѓународните институции ќе придонесе за натамошно зајакнување на финансиската вклученост и зголемување на довербата на населението во финансискиот систем.

АФИ е глобална мрежа за финансиска вклученост, која опфаќа централни банки и финансиски регулатори од 84 земји во светот, овозможувајќи размена на знаење и искуства, како и развој на ефективни политики за финансиска вклученост.

Поврзани содржини