Прва успешна трансплантација на лице и на рака на момче од САД ВИДЕО

923

По тешката сообраќајка што 22-годишниот Американец Џои ДиМео ја доживеа во 2018 година, 140 член медицински тим ја изврши 23-часовната операција, што е прва успешна трансплантација на лице и на рака. Поради изгорениците на повеќе од 80 проценти од површината на неговото тело, ампутирани му беа врвовите на прстите и остана без усните и очните капаци, пишува Би-Би-Си.

ДиМео се враќал дома од ноќната смена кога заспал зад воланот, а по судирот неговиот автомобил се запалил. Поминал четири месеци во болница, а добар дел од тоа време беше во индуцирана кома. Досега тој имал повеќе од 20 реконструктивни операции и може само делумно да ги користи рацете и нозете.






– Сакавме да му обезбедиме операција која не само што ќе му обезбеди естетско решение, туку и ќе ја врати функционалноста на неговите прсти – рече Едуардо Родригез, директор на Програмата за трансплантација на лице.

По операцијата, ДиМео поминал 45 дена на интензивна нега и уште два месеци во болница, каде морал да научи како да ги отвори очните капаци и да ги користи рацете.

ДиМео вели дека сега може да вежба и да подготвува појадок самостојно.

– Ова е подарок за мојот живот и се надевам дека е пријатно за семејството на дарителот на органи да знае дека дел од него живее како дел од мене. Јас и моите родители сме многу благодарни што ја добив оваа втора шанса – рече тој.

Поврзани содржини