Прва доза вакцина вчера примиле само 2.958 граѓани
Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Со последните бројки 46% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 39% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.