ПРВ ПОРАЗ НА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ „Фалангата“ збесна од судиите, шансата ни е Гвинеја

1,037

Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии. Кога на ова ќе се додадат и 14 загубени топки, јасно е зошто Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот.

За жал, машката ракометна репрезентација не успеа да изненади уште еден фаворит на Светското првенство во Хрватска.






Вториот дел подобро го отворија холандските ракометари, Македонија првиот гол го постигна по четири минути игра, а Холандија во тие моменти имаше предност од пет гола.

До крајот Македонија се обидуваше да ја стигне предноста на Холандија, но на успеа да спушти под два гола.

Во последните 15 минути данските судии делеа исклучувања и седмерци во корист на Холандија, која победи со 32:37 и избори пласман во втората фаза.

Македонија имаше седум исклучувања, а црвени картони добија Павле Атанасијевиќ и Лазаревски.

„Како поинаку да се објасни фактот што за противникот беа досудени неверојатни 12 пенали, а нашите ракометари добија два црвени картони“, коментираше револтирано неколкуилјадната „Фаланга“, која беше бесна на начинот на кој данската судиска двојка ја делеше „правдата“.

 

На крајот, не се одржа традиционалната церемонија, кога се прогласува најдобриот играч на натпреварот. Македонските навивачи, фрлаа парички на теренот, гласно негодуваа: „ИХФ мафија“, а Холанѓаните избегаа во соблекувалната.

Македонија ја завршува првата фаза со мечот против Гвинеја в недела од 18 часот. Потребна е победа за пласман во следната фаза од ракометниот Мундијал.

Вечерва од 20:30 играат Гвинеја и Унгарија, по што ќе биде појасен редоследот на табелата во оваа група.

Поврзани содржини