ПРВ НА ЛИСТА НА СИТЕ ИЗБОРИ, А НИЕДНАШ ВО ИЗВРШНАТА ВЛАСТ Падна митот за Ахмети, кој неодговорно си преседе во Мала Речица
Министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека паднаа трите столба на митот за Ахмети - дека е чесен, дека секогаш е на власт и дека ги штити своите луѓе.
Трите столба на митот за Али Ахмети пропаднаа за само неколку месеци на ДУИ во опозиција, вели министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Првиот столб беше дека е чесен. Со последните случувања во последните година и пол, две и скандалите, тој мит падна. Вториот беше дека прави што прави, секогаш е во Влада, еве не е – рече Николоски во гостување на Канал 5.
Тој додаде дека Ахмети ги лажел неговите членови дека за 3 или за 6 месеци ќе влезат во Владата, па ќе имало парламентарни избори заедно со локалните, но ништо од тоа не се случи.
– Третиот мит кој што веќе се руши е дека прави што прави, ги штити своите луѓе. После она што го напиша Артан Груби вчера, јасно е дека и тој мит ќе се урне. Така да, трите столба на кои што ја градеше својата политика, ако сакате и митот кој го изгради околу себе, паѓаат – појасни Николоски.
Тој додаде дека однесувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е целосно неодговорно.
– Многу е лесно да градите мит за некого, кога не се нафаќа на извршна власт. Каков е тој политичар, кој што оди на избори, како прв, и после тоа не се нафаќа на извршна власт. Пушта други таму, а тој седи во Собранието и во Мала Речица. Извинете, ама тоа е неодговорно однесување – заклучи Николоски.