ПРВ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ЌЕ ОДИ НА 24 ЛЕ МАН Мотоциклистот Бузалковски ќе настапи на најтешката мото-трка во светот

Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, изјави Бузалковски.

250

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски оваа сезона ќе дебитира во најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост „World Endurance Championship“.

Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда да учествува на ваква трка од светски размер.






– Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На легендарната трка „24 часа Ле Ман“ да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба – изјави Бузалковски.

Бузалковски упати благодарност до Карел Пешек и тимот uniservmoto82team за шансата која му ја дадоа, како и најголема благодарност до неговиот официјален спознор, неговиот тим @team_seventy_one , до министерството за спорт и до сите спонзори кои што несебично го поддржуваат.

 

Годинава трката ќе се вози на 14/15 јуни и ќе биде 93-то нејзино издание.

Поврзани содржини