ПРУЖИЛ ОТПОР И ПОВТОРНО ПУКАЛ КОН СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА Детали за ликвидацијата на Фатон Хајризи
Припадниците на полицијата го убиле убиецот на полицаецот Крсмановиќ во околината на Лозница, изјави Дачиќ.
Во акцијата на Специјалната антитерористичка единица е ликвидиран Фатон Хајризи, кој го уби полицаецот Никола Крсмановиќ и го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, Фатон се криел во напуштените објекти на фабрика за вискоза каде се засолниле мигрантите, а тој се криел меѓу нив. Полицијата се сомневаше дека ја препливал Дрина, но бил лоциран меѓу мигрантите во Лозница.
– Припадниците на полицијата го убиле убиецот на полицаецот Крсмановиќ во околината на Лозница – изјави Дачиќ.
Фатон Хајризи пукал неколку пати кон полицијата, по што тие возвратиле.
Според информациите, министерот Ивица Дачиќ се упатил кон местото на настанот.
Фатон Хајризи, да потсетиме, пред една недела побегна од затворот на Косово и Метохија, каде ја отслужуваше казната за убиство на руски војник на КФОР и други злосторства. Не е прв, туку дури деветти пат Хајризи да избега од затвор. Тој, наводно, избегал меѓу пет и седум часот наутро.