Проверка на исплатата на повратот од МојДДВ и на е-ПДД

Управата за јавни приходи воведе ново прозорче на е-ПДД

3,435

Управата за јавни приходи известува дека на електронската платформа е-ПДД е поставена нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ.

Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче ,,МОЈ ДДВ – до каде е исплатата на повратот“ да направи увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.






Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата.

Поврзани содржини