Проверете дали сте добиле студентска стипендија за академската 2020/2021 година

432

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи за студиската 2020/2021 година.

Како што соопшти МОН, студентите кои стекнале право на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник, 22 декември 2020, да ги достават до Министерството за образование и наука. Прием на документите ќе се врши и во сабота, 19 декември 2020.






Одбиените кандидати, пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

За какви било дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН.

Конкурсот за академската 2020/2021 година предвиде доделување на вкупно 3000 стипендии во различни категории.

Поврзани содржини