ПРОВЕРЕНИ 807 УЧИЛИШТА, ДОЈАВИТЕ СЕ ЛАЖНИ Српската полицијата не најде бомби, продолжува наставата
Според Министерството за внатрешни работи, утрово биле пријавени бомби во вкупно 807 основни и средни училишта на територијата на Србија. По добивањето на дојавите, училиштата веднаш ја известиле полицијата, која извршила увид во сите пријавени објекти.
Министерството за образование на Србија соопшти дека сите пријави за поставени бомби во основни и средни училишта се лажни. Учениците веднаш се вратиле на настава, откако полицијата извршила детални проверки на објектите.
Според Министерството за внатрешни работи, утрово биле пријавени бомби во вкупно 807 основни и средни училишта на територијата на Србија. По добивањето на дојавите, училиштата веднаш ја известиле полицијата, која извршила увид во сите пријавени објекти.
Министерството за образование апелираше училиштата да дејствуваат во координација со полицијата и да ги почитуваат сите безбедносни процедури за заштита на учениците и вработените. Дополнително, се предупредува да не се шири паника и да не се нарушува редовниот образовен процес. Министерството ги повика надлежните институции да ги пронајдат и санкционираат лицата одговорни за лажните дојави.
Сите училишта кои биле опфатени со дојавите за бомби, по проверките на полицијата, се безбедни и наставата продолжува редовно. Надлежните власти продолжуваат со истрага за да ги санкционираат сторителите на лажните пријави.