📽️ 📷 ПРОВАЛИЛ ВО КУЌА, НО КРАЖБАТА НЕ БИЛА МОТИВ Снимки ги открија злите намери на крадецот, додека газдите спиеле голи
Инцидентот се случил на 2 јуни, околу 2:45 часот наутро, кога маскиран крадец влегол низ отворена врата од тераса. Снимката покажува дека првично само накратко ја пребарал дневната соба, но брзо се упатил директно кон спалната соба каде што Пилар и нејзиниот партнер Алекс спиеле голи.
Навидум обична кражба се претвори во кошмар за Пилар и Алекс, брачен пар од Марбеља, кои открија морничави снимки од нивните безбедносни камери откако 300 евра исчезнаа од нивниот дом. Наместо класичен грабеж, тие се соочија со вознемирувачки докази дека непознат маж влегол во нивната спална соба осум пати во текот на ноќта и ја гледал Пилар додека таа спиела сосема гола.
– Тој влезе во нашата соба осум пати за да ги погледне моите интимни делови – изјави Пилар за локалните медиуми, одлучувајќи да ја сподели снимката од грабежот за да помогне во идентификацијата на крадецот.
– Човекот не дојде да краде, дојде да ми направи нешто – додаде таа.
Инцидентот се случил на 2 јуни, околу 2:45 часот наутро, кога маскиран крадец влегол низ отворена врата од тераса. Снимката покажува дека првично само накратко ја пребарал дневната соба, но брзо се упатил директно кон спалната соба каде што Пилар и нејзиниот партнер Алекс спиеле голи.
Она што следи е како сцена од трилер. Kрадецот постојано влегува и излегува од собата, секој пат осветлувајќи го телото на Пилар со светилка, фокусирајќи се исклучиво на нејзините интимни делови.
– Имаме многу вредни работи во куќата, но тој не се замараше со тоа. Беше фокусиран само на мојата сопруга – рече Алекс во интервју за шпанска телевизија.
Тој тврди дека бил целосно исцрпен таа вечер, откако се вратил од натпревар во боречки вештини во Германија, и дека заспал длабоко.
Снимката јасно покажува дека крадецот бил свесен за камерите и во еден момент гледа директно во објективот. Сепак, ова не го спречило да се врати во собата неколку пати, секој пат само за да ја гледа Пилар.
Осумнаесетгодишниот син на Пилар исто така бил во куќата таа ноќ, спиејќи во соседната соба, несвесен што се случува. Последиците не се само материјални. Пилар вели дека оттогаш постојано има кошмари, се плаши, го менува начинот на спиење и ги затвора сите прозорци и врати дури и кога некој е дома. Моментално е на психолошка терапија за да се справи со траумата.
– Ја сменив страната на креветот. Сега Алекс спие до вратата, а јас од другата страна. И кога сум сама, ги заклучувам сите прозорци и врати – вели Пилар.
Локалната полиција моментално ги анализира снимките, но засега не се уапсени осомничени. Расте загриженоста кај жителите на Марбеља и околните области поради зголемениот број вакви случаи.
Кражбата не била мотивот
Крадецот, наречен од медиумите како „Крадецот од Сан Педро“, бил виден како провалува во луксузни вили помеѓу Сан Педро де Алкантара и Бенахавис бос, облечен само во чорапи. Неговото оружје е остар предмет со кој вади брави и зема луксузни торби, накит, па дури и часовници во вредност од 30.000 евра. Во некои случаи, тој зема и до 10.000 евра во готово.
Сепак, во случајот на Пилар, тој не зел ништо освен 300 евра, што дополнително го потврдува сомневањето дека кражбата не била неговиот главен мотив.
Un ladrón es pillado mirando hasta en 8 ocasiones las partes íntimas de su víctima: las imágenes del ratero más baboso de España https://t.co/2NMXjPR3I6
— En boca de todos (@EnBocaDe_Todos) July 18, 2025
– Ова е сексуална агресија. Не морал да ја допира. Чинот на постојано влегување и набљудување на нејзините интимни делови е доволен. Тоа е чин од сексуална природа – објасни поранешниот полицаец Карлос Сегара во емисијата „En boca de todos“.
Пилар и Алекс се појавија и во истата програма, втората само со глас, не сакајќи да го покаже своето лице поради чувство на срам и страв.
– Се чувствувам како да ме прегазиле. Тој дури и не ме допре, туку ментално ме силуваше. И никој не може да ме убеди во спротивното – рече Пилар.
Овој морничав случај ги натера локалните власти да апелираат до сите граѓани на Марбеља и околните области да ги зголемат безбедносните мерки во своите домови, да не оставаат отворени прозорци или врати и што е можно поскоро да пријават каква било сомнителна активност.