Протокол за прием на првачиња во општина Центар
Секој ќе добие хигиенски „каљачи“ за еднократна употреба и ќе биде извршена хигиенска дезинфекција на рацете, а родителите дополнително ќе користат заштитни маски и стерилни ракавици.
Пред влезот на училиштето ќе се дезинфицираат чевлите, со бесконтактен топломер ќе се мери температурата на децата и родителите од страна на стручниот тим во училиштето. Секој ќе добие хигиенски „каљачи“ за еднократна употреба и ќе биде извршена хигиенска дезинфекција на рацете, а родителите дополнително ќе користат заштитни маски и стерилни ракавици. Ова се дел од мерките кои во посебен Протокол ги предвиде од ООУ „Коле Неделоковски“од Општина Центар за прием на првачиња за учебната 2020/2021 година.
– Со оглед на условите во кои се наоѓаме во време пандемијата, јас и мојот тим од ООУ „Коле Неделоковски“ креиравме протокол за безбеден прием на првачиња за учебната 2020/2021 година, согласно препораките од Комисијата за заразни болести и насоките од МОН. Во рамки на овој протокол се почитуваа сите безбедносни мерки и затоа би сакала да ги охрабрам сите родители со оглед на тоа дека првиот уписен ден започнува на први јуни, слободно да дојдат затоа што навистина сме подговтвени и со нетрпение ги очекуваме првачињата во нашето училиште. Се надевам дека овој протокол кој што го смисливме дека ќе го почитуваат и другите училишта, не само во Општина Центар, туку и на ниво на цела држава. Тој протокол е поддржан од Општина Центар – изјави директорката Светлана Масларевска.
Учениците ќе се тестираат во неколку простории со еден тестатор, почитувајќи ги препораките за одржување дистанца на растојание од 2 метри. Преку дидактички материјали за бесконтактно тестирање и сопствени боички, првачињата ќе се подготвуваат за почетокот на новата учебна година, а родителите ќе бидат ангажирани во пополнување на потребните материјали за упис.
Во текот на месец мај, сите основни училишта во Општина Центар формираа електронски систем за аплицирање и упис на првачињата, додека од 1 јуни официјално ќе се отворат училишните порти за учениците кои ќе бидат тестирани за упис во прво одделение.
Во учебната 2020/2021 година, очекуваме да бидат запишани 550 првачиња во осумте основните училишта на територијата на Општина Центар.