🎥 ПРОТИВПОЖАРЕН АВИОН ВО ГРЦИЈА ОСТАНАЛ ДА ПЛУТА ВО МОРЕТО, НЕ МОЖЕЛ ДА ПОЛЕТА Земјата се потпира на застарени летала за гаснење пожари

Авионот се обидувал да собере вода во близина на крајбрежниот град Врахати кога настанал дефектот.

757

Противпожарен авион на грчкото воено воздухопловство бил принуден да остане во морето во петокот наутро поради дефект што се случил за време на собирање вода во Коринтскиот залив, што го спречило да полета, објави Екатимерини.

Според првичните извештаи, авионот се обидувал да собере вода во близина на крајбрежниот град Врахати кога настанал дефектот.






Државниот радиодифузер ЕРТ јави дека двајцата пилоти се во добра здравствена состојба. Крајбрежната стража испратила пловило за да ги извлече.

Инцидентот се случува само 2 дена по падот на противпожарен хеликоптер, изнајмен од Противпожарната служба, кој се срушил во Елефсинскиот залив, близу Атина. Сите тројца членови на екипажот биле спасени откако биле забележани како пливаат кон брегот и биле подигнати од приватен брод.

Грција во летната сезона на пожари во голема мера се потпира на својата застарена флота на противпожарни летала.

Поврзани содржини