ПРОТИВ ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА ВО СЕКОЕ СЦЕНАРИО Нетанјаху гласно им рекол „не“ на САД

Во секој иден договор, на Израел му е потребна безбедносна контрола на целата територија западно од Јордан, порача Нетанјаху на прес-конференцијата. Toj денеска вети дека ќе ја продолжи офанзивата додека Израел не постигне „решавачка победа над Хамас“.

386

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ги информирал САД дека се противи на формирање палестинска држава во секое повоено сценарио.

САД претходно го повикаа Израел да ги намали размерите на својата офанзива и посочија дека формирањето на палестинска држава треба да биде дел од планот за „денот потоа“.






На националната прес-конференција Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи офанзивата додека Израел не постигне „решавачка победа над Хамас“.

Тој, исто така, ја отфрли идејата за палестинска државност и рече дека им ги пренел своите ставови на Американците.

– Во секој иден договор, на Израел му е потребна безбедносна контрола на целата територија западно од Јордан – порача Нетанјаху на прес-конференцијата.

Според него, тоа е во спротивност со идејата за суверенитет.

– Што можете да направите? Премиерот треба да е способен да им каже „не“ на нашите пријатели – нагласи тој.

Поврзани содржини