ПРОТЕСТОТ ИМ СЕ ИСПЛАТЕШЕ НА БАРДОВЧАНИ Стопирана е изградбата на Прифатниот центар за странци
Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект – истакна Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.
Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место, соопшти денеска Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ.
– Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и од Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница. Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект –
истакна Душко Весковски.