ПРОТЕСТИ И ПОРАДИ ЦЕНАТА НА ПЕЛЕТИТЕ Со бунт ќе се брани данокот од 5% за овој енергенс

87

Здружението на потрошувачи „Солидарност“ бара парламентарното мнозинство да го прифати амандманот со кој се предвидува ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто во спротивно најавува дека ќе протестира пред Министерството за финансии.

– Како Здружение на потрошувачи сме особено загрижени за последните случувања во поглед на зголемување на цената на пелетите. Владата сака да изврши зголемување на ДДВ-то на овој енергенс од 5 на 18 отсто што неколку месеци пред почетокот на грејната сезона дополнително ќе го оптовари џебот на граѓаните. Нашето Здружение бара додека не е доцна парламентарното мнозинство да го прифати амандманот поднесен од една од пратеничките групи со кој се предвидува за овој енергенс стапката на ДДВ да остане 5 отсто. Доколку не се излезе во пресрет и не се прифати нашето барање ќе протестираме пред Министерството за финансии – велат од Здружението.






Со прифаќање на амандманот, додаваат тие, ќе се излезе во пресрет на над 50.000 домаќинства кои ги користат пелетите за затоплување во зимскиот период и би се заштедиле минимум околу 6.000 денари по домаќинство.

Поскапување на цената од 13 отсто значи плус 2.000-2.500 денари по тон, а секое домаќинство во текот на една грејна сезона троши од три до четири тони пелети.

СЕКОЈА СЕЗОНА СТРЕПАТ КАКО ЌЕ СЕ ГРЕАТ На околу 50.000 домаќинства пелетите им се удрија од џебот

 

Поврзани содржини